Connect with us

Фудбал

Коронавирусот го „извади“ од затвор

Поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федерација Жозе Марија Марин е помилуван и одредено му е ослободување од затвор од САД поради пандемијата на коронавирусот.

Марин во август 2018-та година е осуден на затворска казна од четири годино поради примање на мито во замена за маркентиншки права за фудбалски турнири.

Неговите адвокати во неделата поднеле итно барање за намалување на казната. Тој на почетокот на мај ќе наполни 88 години. Американскот окружен судија Памела К.Чен соопшти дека на Марин му е намалена казната поради неговата старост, влошувањето на здравствената состојба, но и зголемениот ризик за последици за неговото здравје поради коронавирусот.