Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Звезда објасни зошто не го држеле знамето во чест на Украина

Жалгирис и Црвена Звезда го одиграа својот натпревар синоќа во рамките на 21. коло од Евролигата во Каунас. На крајот, домаќините славеа по продолжението со 103:98.

Сепак, она што го одбележа натпреварот уште пред да започне е однесувањето на играчите на Црвена Звезда.

Играчите на Жалгирис и судиите поставија транспарент во боите на украинското знаме на кој пишуваше „Стоп за војната“. Гостите од Србија не сакаа да го земат знамето во раце.

Очекувано и оправдано добија свирежи од салата во Литванија.

На крајот на краиштата, американскиот кошаркар во белградскиот тим Арон Вајт реши да се огласи и да се огради.

„Како тим ни беше кажано да не го допираме знамето. Би сакал да биде јасно дека не поддржувам војна и сакам мир во светот“, напиша тој на Твитер.