Connect with us

Фудбал

Кошмар за Куртоа! Откриен е мотивот за одлуката на Зидан

Куртоа беше заменет кога Реал Мадрид имаше негатива од 0-2. Одлуката на францускиот тренер донесена за белгискиот голман, се гледаше чудна затоа што Куртоа не се повреди. Официјалната верзија на „Кралевите“ за замена на Кортоа е тоа дека тој се пожалил на проблеми со стомакот.

Навистина, белгискиот голман се соочи со скандал и контроверзноста на навивачите на Реал Мадрид по вториот постигнат гол на Клуб Бруж. Куртоа беше во центарот на критиките на навивачите затоа што прими два гола од само 3 удари кон голот на „Кралевите“ во текот на првото полувреме.

Слабиот настап на Куртоа и реакцијата на навивачите според шпанскиот медиум „АС“ го принуди тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан да донесе одлука и да го седне Куртоа на клупата.