Connect with us

Фудбал

Костакурта: Конте е идеално решение за селекторското место

Потпретседателот на италијанската фудбалска федерација Алесандро Костакурта изјави дека менаџерот на Челзи, Антонио Конте е најдобро решение за испразнетата селекторска функција на „Азурите“.

– Не сме одлучиле, но Конте изгледа како совршена опција. Сигурно ќе зборувам со него во наредните месеци. Тој веќе ни покажа дека знае како е да се биде селектор, што не важи за останатите кандидати. Тоа не значи дека нема да бидам задоволен ако Манчини или Анчелоти ја добијат работата, но се чинеше дека последниот сам се откажа да го води националниот тим, изјави Костакурта.

Иднината на Конте во Челзи е неизвесна и тоа го прави прв кандидат за селекторското место.