Connect with us

Фудбал

Ковачиќ побара од Реал да го стават на трансфер листата

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ ова лето може да го напушти Реалл Мадрид.

Ковачиќ, како и многу фудбалери на Хрватска кои играа во финалето на Светското првенство, е соочен со можен трансфер. Младиот фудбалер од средниот ред наводно е подготвен да го менува тимот.

Последната сезона одиграл само 11 натпревари во Ла Лига и одлучи да оди во средина каде ќе добие поголем простор за игра, па на тренерот Жулен Лопетеги му порача дека сака да замине.

Поранешниот играч на Динамо и Интер три пати ја освои Лигата на шампионите со „Кралевите“, но што му вреди сето тоа кога покрај Модриќ, Каземиро и Крос не може да игра.

Како што пишува „Marca“, Реал бара 50 милиони евра за овој фудбалер, а најмногу со него се поврзува Манчестер Сити, но исто така и некои клубови од Италија се исто така заинтересирани.