Connect with us

Фудбал

Коваќ воведе ново правило поради недоличното однесување на ѕвездите на Баерн

Тренерот на Баерн Минхен Нико Коваќ изминативе недели имаше големи проблеми во тимот.

Ѕвездите на баварскиот великан не се задоволни од методите на тренингот кои ги задава Коваќ, а наводно хрватскиот стручњак нема никаков авторитет во соблекувалната.

Недоличното однесување на одредени фудбалери ги премина сите граници, а наводно на првенствениот натпревар против Волфзбург Френк Рибери и Жером Боатенг одбија да се загреваат.

Искусниот Французин Рибери не сакаше да се загрева и седна покрај рекламното пано, а поради тоа Коваќ „полуде“.

„Bild“ тврди дека Коваќ веднаш воведе ново правило. Сите играчи во иднина ќе мораат да се загреваат пред натпреварот, а тоа досега го правеше само стартниот состав.

Коваќ очигледно се уште има проблеми во тимот и раководството на баварскиот великан би требало да размислува за иднината на тимот.