Connect with us

Фудбал

Ковид 19 и во ФИФА, заразен првиот човек на „Светската куќа“ на фудбалот

Џани Ифантино, претседател на ФИФА е заразен со Ковид 19. Веќе 10 дена е во самоизолација бидејќи не се чувствувал добро. По направениот тест утврдено е дека има Ковид 19.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино беше заразен со коронавирус и денес доби позитивен тест. Тој почувствува благи симптоми пред околу десетина дена и оттогаш е во самоизолација и ќе остане во карантин во наредните десет дена. Сите луѓе кои биле во контакт со претседателот на ФИФА се информирани и од нив е побарано да ги преземат сите соодветни мерки, соопшти ФИФА.