Connect with us

Кошарка

Кожув со втор пораз по ред во БИБЛ-лигата

Кошаркарите на „Кожув” го забележаа вториот пораз во БИБЛ лигата, овој пат пред своите гледачи против албанската екипа Теута.

Гостите остварија победа со 85:94 (40:50), во меч во кој целосно доминираа и постојано имаа контрола на резултатот.

Пековиќ со 23 поени беше најпрецизен за домаќините, а пак кај Теута Хисенаголи реализираше 29 поени и 9 скокови.

Во првиот дуел од регионалното кошаркарско натпреварување, нашиот единствен претставник загуби на гости кај Берое со 69:62.