Connect with us

Фудбал

Крај на Канте на Стемфорд Бриџ: Челзи се откажа од него поради ѕвездата од 100 милиони фунти

Н’Голо Канте (30) би можел да го напушти Челзи на крајот од сезоната, тврдат англиските медиуми.

„Сините“ од Лондон се желни да го доведат играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс во своите редови и неговото доаѓање ќе го означи крајот на ерата на Канте на „Стемфорд Бриџ“.

Рајс е голема желба на Томас Тухел. Ќе се обидат да го доведат во своите редови, а конкурент за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

Цената не е мала. Вест Хем бара 100 милиони фунти за 23-годишниот играч за врска, а Рајс наводно е подготвен да го исполни неговиот сон и да заигра за тимот од делот на Лондон каде го поминал детството.

„Не можам да престанам да пишувам за Рајс, но веќе кажав минатото лето дека Рајс вреди 100 милиони фунти. Тоа беше евтина цена. Тој е еден од најдобрите играчи во моментов и има потенцијал да биде уште подобар“, рече Менаџерот на Вест Хем Дејвид Мојс.

Канте на тој начин би можел да го напушти Челзи по шест години минати во клубот. Сигурно ќе има голем интерес за неговите услуги бидејќи тој е навистина неверојатен играч.

Сепак, „сините“ се подготвени да се откажат од него поради седум години помладиот Рајс, а тие со задоволство ќе дадат 100 милиони фунти.

Канте за Челзи одигра 239 натпревари и постигна 13 гола. Ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Купот и Суперкупот на УЕФА.