Connect with us

Фудбал

Крај на сезоната за Тер Штеген, името на Столе Димитриевски меѓу кандидатите за негова замена

Големо пробеми за Барселона. По одличниот старт на сезоната и победата над Виљареал од 5:1 на последниот меч, сепак го загуби голманот Тер Штеген до крајот на сезоната. Повредата е сериозна, а како што известуваат медиумите од Каталонија, се чини дека нема да сметаат на неговите услуги неколку месеци. Веднаш почна лицитацијата со тоа кој би можел да го замени. Дел од каталонските медиуми објавија три имиња како сериозни кандидати за да го заменат. Кејлор Навас, Војчег Шчесни и нашиот Столе Димитриевски. Како што е познато Столе летово потпиша за Валенсија, но сепак ја грее клупата, бидејќи Мамардашвили потпиша за Ливерпул, но ќе се пресели за неколку месеци. Дали медиумите во Каталонија имаат добри информации или ова е само шпекулација останува да се види.