Connect with us

Фудбал

Крај за Мората во Челзи

Лондонски Челзи спремен е да го продаде шпанскиот напаѓач во јануари 2019. година.

Откако дојде од Реал во 2017. година Мората не покажа скоро ништо на Стемфорд Бриџ. Неговите игри беа слаби и не ги оправда вложените 65 милиони фунти.

Менаџерот на тимот Маурицио Сари во своите планови го нема Мората. Започна потрага по нов напаѓач, а Мората ќе биде на трансфер листата.

Како замена би требало да дојде одличниот напаѓач на Џенова Криштоф Пјатек. Полјакот игра чудесно на почетокот од сезоната во Серија А и постигна дури 13 голови во осум натпревари.

Мората веројатно заврши со Челзи и ќе биде интересно да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.