Connect with us

Фудбал

Крај за Пол Погба на Олд Трафорд!

Францускиот фудбалер Пол Погба (29) ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, а очигледно ги одигра и последните минути во дресот на „црвените ѓаволи“.

Клубот од Манчестер денеска потврди дека 29-годишниот играч од средниот ред ја завршил сезоната поради проблеми со мускулите и дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

„За Пол, оваа сезона веројатно е завршена. Докторот ми рече дека има минимум четири недели одмор, а со оглед на тоа што последниот натпревар е кон крајот на мај, не верувам дека ќе игра повеќе оваа сезона“, изјави Ралф Рангник.

Погба најверојатно ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед со натпреварот против Ливерпул. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и очигледно кариерата ќе ја продолжи на друго место.

Францускиот фудбалер се поврзува со Јувентус и ПСЖ, а неговото заминување во редовите на парискиот гигант наводно е сигурно.

За Пол Погба ова беше втор престој на Олд Трафорд. Беше купен од Јувентус во 2016 година за повеќе од 100 милиони евра, но вложените пари, како и повеќето играчи во последните години во „Театарот на соништата“, не беа оправдани.

За „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 226 натпревари и постигна 39 гола, а од трофеите ги освои ЕФЛ Купот и Лига Европа во 2017 година.