Фудбал
Кралевите повторно на престолот: Реал Мадрид по 34-ти пат шампион на Шпанија!
На вечерашниот натпревар со победа од 2-1 против Виљареал, Реал Мадрид ја обезбеди 34. титула шампион на Шпанија.
За да ја освојат титулата вечерва, на „Кралевите“ им беше потребна победа, која ја достигнаа со головите на Карим Бензема, најдобриот играч на Реал оваа сезона.
По првото полувреме, Лос Бланкос имаше минимална предност. Голот беше постигнат во 29-та минута кога Бензема ја искористи одличната можност по убавиот пас од Лука Модриќ.
Реал ја одржуваше контролата на натпреварот до 74-та минута кога се виде сомнителна ситуација кога беше досуден пенал за тимот на Зинедин Зидан.
Судијата Алехандро Ернандез Ернандез, кој навивачите на Реал не го памтат по добро, овој пат пресуди во корист на Реал по падот на Серхио Рамос во шеснаесетникот.
Откако досуди пенал за Реал и несмасноста на Серхио Рамос и Карим Бензема, домашниот судија му даде втора шанса да изведат пенал.
На првиот обид, Рамос ја исфрли топката и Бензема ја погоди, сепак Французинот влезе во шеснаесетникот пред време, па сè беше повторено. Во вториот обид, напаѓачот ја презеде одговорноста и постигна гол за 2:0.
Во 84-та минута преку Ибора, гостите намалија на 2:1 и ја вратија неизвесноста во играта, но немаше промена, благодарение на Тибо Куртоа, кој имаше две нереални одбрани.
Така, Реал Мадрид стигна до 34-та титула во историјата на клубот, прва од 2017 година.
Резултатот од Ноу Камп им помогна и на Кралевите. Барселона загуби од Осасуна со 1:2. Гостите го презедоа водството со голот на Арнаиз во 16-та минута, а резултатот го израмни Лионел Меси со прекрасен гол од слободен удар во 62-та минута. Конечниот резулта беше поставен во судиското надополнување, голот го постигна Роберто Торес.