Connect with us

Фудбал

Кралски дрес за Де Јонг

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на холандскиот гигант Ајакс, Френки де Јонг.

Благодарение на одличните партии како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампиони, офанзивниот играч за врска го привлече вниманието на европските гигант, а холандските медиуми се убедени дека е прашање само на време кога ќе си замине од Амстердам.

Победник во трката по потписот на Де Јонг ќе биде првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 50 мил. евра.