Фудбал
Кристијано Роналдо одби да игра против Италија
Португалскиот фудбалер и ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да игра за својата репрезентација против Италија на 10. септември, пишува „La Gazzetta dello Sport“.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид наводно одби да игра против Хрватска и Италија во натпреварите од Лигата на нациите, натпреварување низ кое може да се обезбеди пласман на Европското првенство.
Италија на 10. септември му гостува на Португалија во Лисабон, но Роналдо нема да учествува во играта.
Имено, тој одлучи да остане во Торино за да тренира со екипата на Јувентус и таа одлука веќе му ја соопштил на националниот сојуз. По само една недела од меѓународниот натпревар, „Старата дама“ го игра првиот натпревар од Лигата на шампионите и Португалецот сака да биде 100% подготвен, свесен дека Лигата на шампионите на чие освојување во Јувентус чекаат 22 години.