Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо слета во Ријад, дали следува најскапиот потпис во историјата? (ФОТО)

Кристијано Роналдо доцна вечерва е фотографиран на аеродромот во Ријад, Саудиска Арабија. Уште пред неколку дена се појавија информации дека би можел кариерата да ја продолжи во клубот Ал Наср, а дали ова значи дека пристигнал за официјализирање на договорот останува да се види. Пред само неколку дена “Марка” објави дека Роналдо ќе потпише 2,5 годишен договор со Ал Наср, за неверојатни 200 милиони евра по сезона. Ќе се случи ли најскапиот потпис во историјата на фудбалот, веројатно ќе дознаеме во наредните денови.