Connect with us

Фудбал

Кулибали има порака за идиотите во Италија

Фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, неколку пати беше жртва на расизам на италијанските стадиони.

Тој зборуваше за тоа во интервју за „L’Equipe“.

„Идиотите кои врескаа на стадионите никогаш немаше да го сторат тоа ако беа пред мене“, рече Кулибали.

„Сите велат дека Италија е земја на расисти, затоа што странците не сакаат да дојдат тука заради ова. Можам да кажам дека Неапол е друга работа, се чувствувам одлично, моето семејство е многу добредојдено“.

„Моите пријатели, исто така, се чувствуваат одлично кога ќе ме запознаат“.