Поврзи се со нас

Фудбал

Куман може да биде среќен: Заминува последниот играч што го отпиша?

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, направи вистински расчистување во соблекувалната на Барселона.

Веднаш по пристигнувањето, Холанѓанецот прецрта многу големи имиња, вклучувајќи ги Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои на крајот го напуштија клубот.

Куман го отпиша, меѓу другите, францускиот дефанзивец Самуел Умтити. Тој сака да се ослободи од него до почетокот на сезоната и се чини дека ќе успее во тоа.

Умтити доби понуда од Лион. Неговиот поранешен клуб сака да го ангажира на позајмица и Барселона е подготвена да го пушти.

Преговорите веќе започнаа и нема да биде изненадување ако Умтити на крајот заврши во Лион.

Advertisement