Connect with us

Фудбал

Куман објасни зошто доби црвен картон: „Во оваа држава, за ситници добивате исклучување“

Фудбалерите на Барселона освоија само еден бод синоќа на гостувањето кај Кадиз.

Натпреварот помеѓу Кадиз и Барселона заврши без голови, а каталонскиот клуб повторно ги разочара навивачите со својата игра.

Роналд Куман, за кој многумина веруваат дека ги брои последните денови како тренер на Барселона, и овој пат беше цел на големи критики.

Куман доби црвен картон на крајот од натпреварот и како што стојат работите, ќе ги пропушти следните два натпревари доколку остане тренер на каталонскиот клуб.

По натпреварот, Куман рече дека не му е јасно зошто судијата му даде црвен картон бидејќи не кажа ништо погрешно.

„Во оваа држава добивате исклучување за некои ситници. Неверојатно е. Добив црвен картон затоа што реков дека има уште една топка на теренот“, рече Куман, а потоа погледна наназад на играта на неговиот тим.

„Мислам дека тимот беше добар, имавме многу посед и не можам да се пожалам на перформансите на играчите, тие беа добри. Црвениот картон на Де Јонг ја отежна играта за нас. Кога не постигнувате гол, јасно е дека не можеш да победиш“.

„Можевме да излеземе како победници ако ги реализиравме нашите шанси, особено онаа на Депај во последните минути од играта. Беше тежок натпревар, Кадиз добро затвори поголем дел од простор. Мојата иднина не зависи од резултатот на овој натпревар. Работата, нивото и перформансите треба да се нагласат Секако, не сум задоволен од резултатот, но ставот и реакцијата на тимот на овој натпревар се важни“.

Следниот натпревар Барселона веќе го игра в недела, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на Леванте.