Connect with us

Фудбал

Куртоа го бакна грбот на Реал и порача: Ова го немав никогаш направено

Тибо Куртоа од денеска и службено стана член на Реал Мадрид.

Одличниот Белгиец со „Кралевите“ потпиша шест годишен договор, а Мадридскиот тим го купи од Челзи за 35 милиони фунти.

Додека траеше претставувањето 26-годишниот голман беше пресреќен, па дури и го бакна грбот на Реал и тврди дека тоа никогаш не го направил.

„Му се заблагодарувам на Челзи за се што направи за мене. Никогаш нема да го заборавам периодот кој го поминав таму и двата наслови кои ги освоив“, рече Куртоа и продолжи да зборува за уште еден поранешен клуб, градскиот ривал Атлетико.

„Мојата цел од секогаш била заминување во Реал Мадрид. Го ценам Атлетико, но сега сум во клубот во кој од секогаш сум сакал да бидам“, рече Куртоа.

Белгиецот повторно се извини поради пеењето на анти – реаловите песни после финалето на Кралскиот Куп во 2013. година кога Атлетико го победи Реал.

„Се извинив тогаш и се извинувам повторно. Такви работи правите кога сте млади. Бев дете кога играв за Атлетико. Сега сум зрел човек, со две титули шампион на Англија“, додаде новиот голман на Реал.