Connect with us

Фудбал

Куртоа во Реал, откако Челзи ќе му најде замена

Челзи и Реал Мадрид постигнале договор за трансферот на Тибо Куртоа, но договорот ќе стане факт кога лондонскиот клуб ќе обезбеди заменик на белгискиот голман, соопштува „Скај Спорт“.

Според информациите, Реал Мадрид ќе плати на Челзи околу 40 милиони евра за белгискиот национален голман.

Челзи има неколку варијанти за заменик на Куртоа, првиот беше Алисон Бекер, но по се изгледа дека бразилскиот голман ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Тоа значи дека Челзи ќе се насочи кон Милан и Џанлуиџи Донарума. Талентираниот италијански голман е посакуван од новиот менаџер на „Стемфорд Бриџ“, Маурицио Сари.

Другиот голман, кој е во фокусот на Челзи, е Каспер Шмајхел од Лестер.

Третиот голман на кој Челзи може да се обрати, во крајна сметка, е Џек Батланд од Стоук Сити.