Connect with us

Фудбал

Кусо траеше лутината на Џенаро Гатузо, според „Газеда“ Елиф Елмас ќе биде во составот за најважниот дуел сезонава?!

Иако Џенаро Гатузо го избрка од вчерашниот тренинг, сепак Елиф Елмас се очекува да биде во составот на Наполи за утрешната пресметка со Лацио. Секако дека моментот е лош, бидејќи ова може да биде клучен меч за Наполи, најважниот сезонава, бидејќи Лацио е директен конкурент за едно од местата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми утрово објавија дека постои можност поради револтот и бркањето од тренинг од Гатузо, Елмас да не биде во составот за мечот со Лацио, сепак Газета дело Спорт, во најавата за овој меч го вметна и нашиот репрезентатиец. Со оглед на тоа дека овој весник ретко грешки, сепак е веројатно Елмас да биде во составот, но на клупата за резервни фудбалери. Можеби и неа да добие ниту една минута шанса за настап.

Мечот се игра утре вечер во 20:45 часот, домаќин е Наполи.