Фудбал
Кутињо и официјално го напушти Баерн и се врати во Барселона
Филипе Кутињо минатото лето пристигна во Баерн на позајмица од Барселона, а со овој клуб успеа да освои се што можеше.
Баварците ја завршија сезоната со тројна круна, а беа особено брилијантни во Лигата на шампионите. Во четвртфиналето овој клуб ја нокаутира Барселона, која се чини дека премногу лесно се откажа од Бразилецот.
Сепак, и покрај добрите игри, Баерн не се реши да го откупи договорот на Кутињо затоа што во тој случај ќе требаше да плати над 100 милиони евра.
Германскиот клуб денес потврди дека Кутињо официјално го напуштил Баерн и се вратил во Барселона. Тие му се заблагодарија за сè што обезбеди во дресот на германскиот клуб претходната сезона.
Кутињо треба да се појави на тренинзите на каталонскиот клуб во наредните денови, а дали ќе добие шанса конечно да се докаже на „Камп Ноу“, останува да видиме.
Thanks for everything, @Phil_Coutinho ?
? https://t.co/c9tLUYCeza#FCBayern #MiaSanMia
— CHAMPIONS OF EUROPE ? (@FCBayernEN) September 2, 2020