Connect with us

Фудбал

Кутињо: Сакав да го постигнам својот прв „хет-трик“ при победа на Барса

Офанзивниот фудбалер на Барселона, Фелипе Кутињо по вчерашниот пораз во 37-то коло од Ла Лига против Леванте со 5:4, изјави дека со радост би се откажал од својот „хет-трик“ во замена за победа на својот тим. 

Играчите на Ернесто Валверде го претрпеа првиот пораз во тековната сезона.

„Сакавме да ја завршиме сезоната без пораз. Леванте одигра прекрасен натпревар. Немав трпение да постигнам „хет-трик“ за Барселона, но се надевав дека тоа ќе се случи во натпревар во кој ќе победиме“, изјави Фелипе Кутињо