Други спортови
Квартаро: Направивме чекор напред на вториот ден од тестирањето
По првиот предсезонски тест во Мото ГП, поранешниот светски шампион во кралската класа, Фабио Квартаро, настапот на Јамаха го опиша како „кошмар“. Коментарот на францускиот возач беше за однесувањето на моторот на јапонскиот производител со сосема нови гуми и неможноста да се извлече максимумот од нив.
Квартаро рече дека има слично мислење по првиот ден од вториот предсезонски тест, кој се одржа во Португалија викендот. Французинот во саботата беше за 0,843 секунди побавен од лидерот Франческо Бањаја (Дукати). Сепак, Јамаха направи некои измени на моторот М1 во неделата, што му овозможи на нивниот возач да го подобри своето време за 1,3 секунди. Французинот го заврши тестот на патеката „Алгарве“ со трето најдобро време и нешто повеќе од три десетинки зад Бањаја, која беше над сите и на двата дена на тестирањето.
Lots of data to analyse in the next two weeks 📊#MonsterYamaha | #MotoGP | #PortimaoTest | #SprintingInto2023 pic.twitter.com/3amcKsn8tC
— Monster Energy Yamaha MotoGP (@YamahaMotoGP) March 12, 2023
„Направивме голем чекор напред во неделата“, рече Квартаро по вториот ден од тестирањето. „Всушност, пробавме дел од минатогодишниот сетап, во комбинација со минатогодишната аеродинамика. Видовме каде е проблемот и сега работите се многу подобри“.
„Се чувствував како да сум едно со моторот. Има уште работи што треба да се решат, но претходно никогаш не сум направил круг 1:38,3 на оваа патека. Генерално, работите сега се во ред, ние сме во подобра позиција. Убаво е да се види дека постигнавме напредок, иако сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме, но направивме добар чекор. И да не заборавиме дека тракцијата на тестовите се разликува од онаа на тркачките викенди“, додаде Французинот.
По вчерашните промени во сетапот, Квартаро ја симулираше трката, каде што имаше просек од околу 1:39 по круг. Во саботата, неговата симулација на квалификации произведе темпо од 1:39,6.