Connect with us

Фудбал

Л’Екип најавува „бомба“, дали ќе се случи трансферот кој ќе го раздрма светот на фудбалот?!

Не е Халанд, не е Хари Кејн. Пеп Гвардиола лично се ангажирал за неговата желба во летниот преоден рок. Тоа е напаѓаќот на ПСЖ Килијан Мбапе. Наводно, самиот Гвардиола му се јавил и му рекол дека го сака во Манчестер Сиит.

Оваа вест ја лансираше француски Л’Екип кој тврди дека Мбапе одеднаш падна во прв план кај Сити и дека е голема желба на Гвардиола.

Сепак, изворот на Л’Екип открива дека наводно Мбапе не бил премногу импресиониран и заинтересиран. Иако во овој текст тоа не е спомнато, сепак јавна тајна е дека желбата на Мбапе е Реал Мадрид.

Сепак, Л’Екип тврди дека Сити нема лесно да се откаже и дека нема да штеди пари.