Фудбал
Лајпциг со лесна победа влезе во новата сезона
РБ Лајпциг го совлада Мајнц со 3: 1 во 1. коло од Бундеслигата на домашен терен.
Избраниците на Jулијан Нагелсман без проблеми стигнаа до триумфот и по само 20 минути игра имаа предност од два гола.
Форсберг го отвори резултатот во 17. минута со гол од белата точка, а само четири минути подоцна Поулсен постигна гол за 2:0.
Со овој резултат екипите заминаа на полувреме, а Мајнц сепак се закани во второто полувреме. Тие постигнаа гол за 2: 1 преку Матета во 48. минута, но нивната радост траеше кратко.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 51. минута. Хаидара погоди за 3:1, и тоа беше конечен резултат, иако до крајот на мечот имаше уште исклучително добри шанси.