Connect with us

Кошарка

Ламар Одом, од ѕвездите до дното: Секс, дрога, лажен пенис

Два пати го освои шампионскиот прстен во НБА лигата, шест пати играч на годината, освоил светско првенство, но и бронза на Олимписките игри во Атина. Сепак, кариерата на Ламар Одом можеше да биде поуспешна.

Тој самиот го признава ова. Одом во ново интервју уште еднаш зборуваше за сите негови пороци надвор од кошаркарскиот паркет.

Во 2015-та година бил пронајден без свест во бордел во Невада. Се предозирал со консумација на сексуални стимуланси и кокаин. Ги користел три дена по ред. Потрошил над 75 илјади долари, а додека бил во кома доживеал неколку срцеви удари. Сепак, и самиот тој не знае како преживеал за да го раскажува сето ова.

Неговите пороци биле дрогата и сексот. Бил во брак со Клои Кардашијан, која едно време, но во 2016-та година се разведоа.

Одом воедно открива дека користел лажен пенис за да го избегне допинг тестот за Олимписките игри во Атина во 2004-та година. Причината била марихуаната која ја користел секој ден тоа лето.

Освен за Лејкерси играл за Мајами, Далас, Клиперси, и за шпанскиот тим Басконија кој во 2014-та година беше неговата последна екипа.