Connect with us

Фудбал

Лампард ќе биде претставен денеска

Френк Лампард денеска ќе биде претставен како нов тренер на Евертон.

Тоа го пренесува Фабрицио Романо, кој тврди дека се е договорено.

„Карамелите“ неодамна се разделија со Рафа Бенитез, а тимот против Астон Вила го предводеше Данкан Фергусо, кој заедно со Руни, Витор Переира и Лампард беше кандидат за наследник на Шпанецот на жешката клупа.

Лампард така ќе ја добие работата по една година, а по заминувањето од Челзи во јануари минатата година, од јули 2019 година то водеше тимот на 84 натпревари, од кои оствари 44 победи, 17 нерешени и 23 порази.

Лампард треба да го предводи тимот против Њукасл на 8 февруари.