Connect with us

Фудбал

Лампард по победата над Мурињо: Покажавме храброст

Новиот тренер на Дерби Каунти, Френк Лампард, после елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Карабао купот, рече дека неговите играчи покажаa огромна храброст.

Лампард синоќа го забележа своето прво поголемо достигнување во тренерската работа, откако го победи својот некогашен стратег од Челзи – Жозе Мурињо.

Екипата на Дерби Каунти предводена од легендарниот Лапмард после 90 минути одигра нерешено со Ѓаволите (2:2), а по продолженијата и потоа пеналите го исфрлија Јунајтед од Карабао купот.

„Немаше да им речам ништо на своите играчи дури и да загубeвме на пенали бидејќи играа без страв. Не дојдовме да се браниме, да застанеме зад топката и да гледаме што ќе се случува. Губевме 1:0 после само три минути, што е тешко, бидејќи тогаш играчите почнуваат да се сомневаат во себеси, но тие не го направија тоа. Ја одземаа топката длабоко на противничката половина. Одбранбената линија стоеше високо, ја имавме топката, се обидувавме да играме. Имавме самодоверба и храброст за таква игра“, рече Лампард.

https://youtu.be/Q95gDyxNx8Y

kajgana.com