Поврзи се со нас

Фудбал

Лампард сака клубот веднаш да го продаде: Ѕездата на Челси на полувреме се качи во автобусот

Челси минатиот викенд губеше со 3: 0 на гостувањето кај ВБА, но на крајот успеа да избега од пораз и да освои бод во лудата игра која заврши 3:3.

-текстот продолжува по рекламата-

Еден од најлошите во првите 45 минути на Челси беше Шпанецот Маркос Алонсо, кого Френк Лампард го остави во соблекувалната на полувремето, но направи нешто што ги разбесни сите во лондонскиот клуб.

Како што објави англиски „Атлетик“, Алонсо се истуширал и веднаш отишол во автобусот на полувреме, па не ги ни погледнал останатите 45 минути во кои неговите соиграчи направиле мало чудо, постигнале три гола и освоиа бод од речиси загубениот натпревар.

-текстот продолжува по рекламите-

Лампард веднаш реагираше, отиде да го земе Алонсо, кој мораше да се врати и да им се извине на сите за она што го стори.

Наводно, Лампард им наредил на управата на клубот да се ослободат од Шпанецот и, доколку е можно, да го продаде уште во овој преоден рок, кој трае до 5 октомври.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама