Connect with us

Фудбал

Лапорта е идиот со голема глава, а Барса е како мафија. Стана срамота да се игра за тој клуб

Рафаел ван дер Варт е познат како човек кој често јавно кажува што мисли, а сега без никакви претензии „распали“ кон Барселона и нејзиното раководство.

Иако каталонскиот гигант се бори со големи финансиски потешкотии, тој успеа да направи неверојатни работи и да донесе големи играчи како Левандовски, Кесие, Рафиња, Кристенсен и Куанде, а допрва се очекуваат доаѓањата на Алонсо и Силва од Челзи и Манчестер Сити.

За да го направат тоа, тие мораа да активираат голем број економски лостови и моментално се во расправија со играчите околу нивниот статус на Камп Ноу. Некои од „жртвите“ се Френки де Јонг и Мартин Брејтвејт, кои одбиваат да го напуштат клубот кој на секој начин сака да се ослободи од нив бидејќи имаат високи плати.

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт, гостуваше на холандската телевизија, каде претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го нарече „идиот“ додека го спореди клубот со „мафијата“.

„Како можеш да купуваш играчи кога немаш пари? Мислам дека е срамота. И Лапорта кој насекаде се смешка со својата голема глава. Овој човек мисли дека е крал. Но мислам дека е малку идиот“.

Тој потоа се осврна на третманот на Де Јонг, откако забележа дека неговото време за игра драстично опаѓа во предсезоната.

„Не можете вака да се однесувате со луѓето. Френки заработува премногу пари? Потпишувате договор и потоа го исполнувате договорот, а не вака“.

„Името на Барса на мапата стана многу лошо. Тоа е голем клуб и сите сакаат да играат таму. Но, отсега ние судиме поинаку и мислам дека е срамота да се игра за нив“, изјави поранешниот холандски репрезентативец.

Имаше прашања за статусот на регистрација на новите играчи на Барселона, но до натпреварот со Рајо, клубот успеа да ги регистрира сите освен Кунде.

Тој го пропушти натпреварот од првото коло на шпанската Ла Лига, додека останатите новајлии играа. Кристенсен, Левандовски и Рафиња како стартери, а Кеси влезе подоцна. Но, тоа не беше доволно да се скрши отпорот на Рајо, кој ја сочува мрежата и освои вреден бод.