Connect with us

Тајмаут

Латино убавицата одлучи: Имам намера да приредам шоу во финалето на Лигата на шампионите

Како и секоја година и овој вовед во финалето на Лигата на шампионите ќе биде проследен со музика.

Воведот во финалето во Париз, кое е закажано за 28 мај, ќе биде спектакуларно, а најавено е дека присутните фанови и играчи, како и оние покрај малите екрани, ќе ги забавува популарната пејачка Камила Кабело.

Американската пејачка со кубанско потекло ја доби честа да настапи на сцената пред натпреварот Реал Мадрид-Ливерпул на Стад де Франс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Финалето ќе биде достапно во повеќе од 200 земји ширум светот, а Камила секако ќе добие дополнителна популарност на овој начин.

Таа е позната по хитовите како Бам Бам, Сенорита и Хавана.

„Толку сум возбуден што ќе бидам на сцената на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во Париз овој месец! Имам намера да приредам навистина специјално шоу, кое ќе го комбинира духот на моето латино наследство и чувството за заедница за спорт и музика, едвај чекам“, признала таа.