Connect with us

Фудбал

„Лавовите“ добија нов тренер, Тасевски ќе ја вади од криза Македонија ЃП

Жикица Тасевски и официјално е нов тренер на Македонија ЃП. Тој ќе го вади од криза тимот од Ѓорче Петров, откако не им успеа на Александар Таневски и Наџи Шенсои.

Само една победа Македонија ЃП има во пролетниот дел од сезоната, останатите се порази.

Тасевски во минатото беше тренер на Работнички, Металург, Маџари, Вардар, помошник тренер во Локомотив Пловдив, а работеше и во Кина.