Connect with us

Фудбал

Лажна трансфер „бомба“ за ѕвездата на Барса, не е трансфер, туку венчавка (ВИДЕО)

Иако беше објавено дека Френки де Јонг бил во авион за Лондон, вистинската причина за неговиот лет набрзо се појавила.

Откако на аеродромот веднаш по Де Јонг се појавил Мемфис Депај, неговиот соиграч од репрезентацијата, упатените открија дека Холанѓанецот е на пат за Англија за венчавката на Дони ван де Бек.

Сигурни извори во Каталонија веднаш стапиле во контакт со нивните контакти во клубот по снимката од аеродромот, а нема индикации дека Де Јонг ќе си замине.

Поточно, сигурно е дека Де Јонг ќе остане и тоа без намалување на платата, што не значи дека во наредниот период нема повторно да преговара со раководството на Барселона.

Од друга страна, иако Депај не патува за Англија поради трансфер, сигурно е дека би можел да го напушти клубот во случај на вистинска понуда пред крајот на преодниот рок.

Се очекува до крајот на преодниот рок да си заминат Мемфис Депај и Пјер-Емерик Обамејанг, а Барса да го раскине договорот со Мартин Братвејт.

„Бомба“ од Барселона, одличниот фудбалер снимен на аеродромот (ВИДЕО)