Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс објасни зошто одлучил да се пресели во Лејкерс

Откако загуби уште едно НБА финале со Кливленд Кавалиерс, Леброн Џејмс ова лето одлучи да ја искористи опцијата од својот договор, па како слободен играч се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

Младиот тим на Лејкерс доби огромен поттик и се очекува да стане респектабилен конкурент на Запад следната сезона.

Иако и пред одлуката на Леброн да се пресели во градот на ангелите се шпекулираше дека може да го избере Лејкерс, сега најдобриот кошаркар објасни зошто ја избра франшизата од Лос Анџелес.

“Ми се допаѓа овој предизвик. Сакам да бидам во можност да му помогнам на еден тим да дојдеме каде што долго време не беше. Познато е дека Лејкерси не избориа плеј-оф во текот на изминатите неколку години, но самата организација и франшиза на Лејкерс е меѓу најдобрите. За мене е голема работа да се биде дел од тоа, како и за моето семејство и кошарка во целина “, изјави Леброн Џејмс.