Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс плачел поради Мајкл Џордан

ЕСПН и Нетфликс ги емитуваа 7.и 8. епизода од документарниот серијал „The Last Dance“, а во кои меѓуостанатото се прикажува и за одлуката на Мајкл Џордан да ја напушти кошарката по првите три титули во Чикаго.

Џордан во октомври 1993-та година соопшти дека се повлекува од кошарката, само три месеци откако двајца тинејџери го убиле неговиот татко Џејмс во автомобил кој бил паркиран на одморалиште покрај автопат во Северна Каролина.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс се присети на моментот кога Џордан за прв пат ја објави одлуката да се пензионира.

-Дефинитивно плачев тој ден. Имав само девет години. Не можев да верувам, напиша, Џејмс на твитер.