Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс: Повторно да заиграм за Кливленд? Никогаш не се знае

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс од наредната сезона во НБА лигата ќе настапува за Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс со Лејкерс потпиша четири годишен договор вреден 154 милиони долари, што значи дека по истекување на договорот тој ќе има 37 години.

Сепак, прилично е јасно дека Леброн тогаш нема да ја заврши кариерата, а на прашањето за враќање во Кливленд даде малку збунувачки одговор.

„Ниту едно поглавје од некоја книга не завршува целосно“, кажа Џејмс, кој остава можност за, по трет пат да заигра за Киливленд.

Леброн Џејмс прв пат настапи за Кливленд во 2010. година, потоа отиде во Мајами и освои две титули, а во 2014. години се врати и освои една титула со Кливленд.

Во дресот на Лејкерс, Џејмс би требало да дебитира на 30. септември против Денвер во Сан Диего.