Connect with us

Кошарка

Леброн го мина рекордот на Чемберлен, на ред е Џордан

Најдоминантниот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, продолжува да ги соборува рекордите во НБА лигата. Натпреварот против Портланд, кој го доби Лос Анџелес Лејекрс со 126:117, „Кралот“ го заврши со импресивни 44 поени со кои се најде на петтото место на вечната листа на најдобри стрелци во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.

Со вкупно 31.420 поени го помина славниот Вилт Чембрлен на листата на рекордери, а следна цел му е Мајкл Џордан, кој во својата кариера дојде до 32.292 погодоци и е на четврттото место. Далеку напред се Коби Брајант со 33.643, Карл Мелоун (36.928) и Карим Абдул-Џабар со неверојатни 38.387 поени.

Меѓутоа, победата и рекордот на „Кралот“ го расипаа расположението во „Стејпл центарот“ поради повредата на Раџон Рондо кој ја скрши раката, па искусниот плејмејкер ќе мора да паузира во наредниот период.

Во преостанатите натпревари, доминантна партија имаше и екипата на Далас која славеше над Јута со 118:68. Ова е една од најубедливите победи во историјата на НБА лигата. Највисоката во историјата на франшизата е со 56 поени разлика, а ја оствари Милвоки над Њу Орлеанс во 1979 година со 158:108.

Резултати: Орландо – Филаделфија 111:106, Вашингтон – Кливленд 119:95, Бостон – Чикаго 111:82, Бруклин – Мајами 107:120, Торонто – Детроит 104:106, Милвоки – Мемфис 113:116, Минесота – Њу Орлеанс 107:100, Оклахома – Њујорк 128:103, Далас – Јута 118:68, Феникс – Сан Антонио 116:96, ЛА Лејкерс – Портланд 126:117.