Connect with us

Кошарка

Леброн, ти си создаден во лабораторија!

Младиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Џош Харт, е воодушевен од вештините кои ги поседува најдоминантниот играч на денешницата и негов соиграч – Леброн Џејмс.

Леброн со своите 33 години докажува зошто сите го сметаат за суперѕвезда во светот на кошарката. По победата над Мајами со 131:97 во која „Кралот” постигна 51 поен, осум скока и три асистенции, Харт на својот „Твитер“ напиша: „Создаден си во лабораторија“.

Дваесет и три годишниот кошаркар ја игра втората сезона како професионалец и има просек од 11.1 поен, 3.9 скока, 1.3 асистенции и 1.4 украдени топки и не пропушти ниту еден натпревар на својот тим сезонава.

Од натпреварите кои се одиграа во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, само екипата на Лос Анџелес Клиперс забележа победа на гостински терен, откако славеше во дуелот против Атланта со 127:119. По оваа победа „клиперси” се изедначија со Портланд и Мемфис на врвот на табелата во Западната конференција.

Резултати: Шарлот – Бостон 117:112, Детроит – Кливленд 113:102, Индијана – Јута 121:94, Филаделфија – Феникс 119:114, Мемфис – Далас 98:88, Милвоки – Денвер 104:98, Њу Орлеанс – Сан Антонио 140:126, Сакраменто – Оклахома 117:113.