Connect with us

Фудбал

Легендарниот Алесандро Неста нов тренер на Монца

Поранешниот легендарен играч на римски Лацио и Милан, како и на италијанската репрезентација Алесандро Неста (48) седна на клупата на Монца, објави денеска италијанскиот фудбалски прволигаш. Неста на клупата на Монца ќе го наследи Рафаел Паладино, кој го водеше клубот до крајот на минатата сезона, но потоа се пресели во Фиорентина.

Неста потпиша едногодишен договор со Монца, кој автоматски ќе биде продолжен доколку се исполнат целите поставени од раководството на клубот. Неста како фудбалер два пати ја освои Лигата на шампиони со Милан, а со Италија триумфираше на Мундијалот во 2006 година.