Connect with us

Фудбал

Легендарниот Андреа Пирло се враќа во фудбалот

Андреа Пирло долго време беше меѓу најдобрите играчи од средниот ред на светот, прво во дресот на Милан, а потоа и во Јувентус.

Јувентус беше последниот европски клуб на Пирло, а токму во гигантот во Торино овој славен ас ќе ја започне својата тренерска кариера.

Имено, поранешниот играч на италијанската репрезентација ќе седне на клупата на У23 тимот на Јувентус, кој се натпреварува во Серија Ц, од следната сезона.

Бјанконерите вчера го раскинаа договорот со досегашниот тренер Фабио Печи, а италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро Пирло ќе биде официјализиран за негов наследник.

Пирло се пензионира во 2017 година. Последниот клуб во неговата кариера беше Њујорк. Покрај Јувентус и Милан, тој играше и за Бреша, Реџина и Интер.