Connect with us

Фудбал

Легендарниот Ето ги собра фудбалерите, па им одржа лекција: Со години плачев, мислите дека сум ко*иле, но најдобар сум и знам зошто успеав

Камерун вчера беше домаќин на селекцијата на Бурунди во натпреварот од 2. коло на Африканскиот куп на нации, а минимална победа остварија благодарение на голот на Тока Екамбио во 30. минута.

Камерунците беа големи фаворити, но на крајот дојдоа до минимална и доста тешка победа. По натпреварот конкретен разговор со играчите во соблекувалната одржа Самуел Ето, легендарниот камерунски напаѓач кој сега е претседател на Фудбалскиот сојуз на таа земја. Тој беше видно лут поради начинот на кој се претставија во дресот на својата репрезентација и јасно им порача дека во иднина нема да толерира таква „посветеност“.

-Воопшто не сум среќен. Вие ја претставувате селекцијата на Камерун и не ми е гајле кој е противник. Морате да го работите ова на најдобар можен начин. Со години плачев бидејќи го пропуштивме Светското првенство, но знам за проблемите што ги имав тогаш. Тоа нема да се повтори додека сум претседател. Ја преземав работата да ги променам работите“, рече Ето и продолжи:

Никој нема загарантирано место во овој тим. Ако сакаш да го носиш овој дрес, треба да работиш, најдобро, инаку не доаѓај затоа што повеќе би сакал да играм со децата. Носам копачки веќе долго долго време можеби мислите дека сум копиле, но јас бев најдобар и знам зошто успеав. Ќе дадам се, дури и мојот живот за да ја претставам земјата на најдобар начин. Подготвен сум да го дадам животот за Камерун. Не гарантирам никому дека ќе оди на Светско првенство, а ако играте како денес, никој нема да го види Светското првенство“.

Поранешниот напаѓач на Реал, Мајорка, Барселона и Интер со Камерун освои два Купа на Африкански нации и на најдобар начин ја претстави оваа земја постигнувајќи 56 гола во дресот на Камерун.

Камерунците на Мундијалот во Катар ќе играат во група со Бразил, Србија и Швајцарија, а првиот меч го играат на 24 ноември во Ал Вакра против Швајцарија.