Connect with us

Фудбал

Легендарниот Фабио Капело срамно ги поддржа Русите

УЕФА одлучи да ги исклучи сите руски тимови од европските натпреварувања следната сезона.

Сите клубови и репрезентации од Русија се суспендирани до понатамошно известување и им е забрането да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА за сезоната 2022/23.

Руската репрезентација летово нема да има право на настап во Лигата на нации, автоматски ќе заврши на четвртото место во групата 2 и ќе испадне во Лигата Ц како последнопласирана екипа во Лигата Б.

Поништени се сите резултати на женската репрезентација на Русија која беше во групата со Данска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Малта и Азербејџан. Женската фудбалска репрезентација на Русија исто така испадна на Европското првенство за жени и ќе биде заменета со репрезентацијата на Португалија.

Кога станува збор за клупските натпреварувања, ниту еден руски клуб нема да има право да игра во Лигата на шампионите, Лигата на Европа или конференциската лига за следната сезона.

Повеќето луѓе во светот ја поддржуваат одлуката на УЕФА и и оддаваат почит, но не и легендарниот тренер Фабио Капело. Поранешниот селектор на Русија ја поддржа земјата која ја нападна Украина на 22 февруари годинава, по наредба на претседателот Владимир Путин.

“Многу ми е жал што руската репрезентација повеќе нема да игра на меѓународни натпревари. Фудбалерите мора да се натпреваруваат со најдобрите за да се развиваат. Ова исклучување може да има силно влијание врз нив. Одлуката на УЕФА може сериозно и негативно да влијае на развојот на рускиот фудбал. За жал, тоа е реалноста“, рече меѓу другото поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид и поранешниот руски тренер.

Капело беше на кормилото на руската репрезентација од 2012 до 2015 година, а беше отпуштен откако не успеа да се пласира на ЕУРО 2016 година.