Connect with us

Фудбал

Легендарниот фудбалер кој е почитуван и ценет од сите, синоќа го крена последниот трофеј во кариерата

Крајот на сезоната обично носи со себе пензионирањето на некои играчи. Легендарниот Икер Касиљас се збогува со фудбалот синоќа.

Поради неговиот професионализам, колегијалност и однесување на теренот, но и надвор од теренот, Касиљас беше тип на фудбалер кој сите го ценат и почитуваат, и играчи и навивачи.

Сега, поранешниот шпански голман синоќа го крена последниот трофеј во кариерата, за кој интересно не доби медал, но неговите соиграчи решија да го почитуваат.

Порто ја совлада Бенфика во финалето на Португалскиот куп, а бидејќи не забележа ниту еден настап, Касиљас немаше право на медал, но сепак доби шанса да го крене пехарот во воздухот.

Како што беше претходно познато, Касиљас беше присилен од проблеми со срцето да ја заврши кариерата порано од планираното, а од следната сезона ќе се врати во својот сакан клуб Реал Мадрид, каде ќе извршува една од директорските функции.

39-годишниот играч има освоено вкупно 23 трофеи во својата кариера. Најважни се трите во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, и две европски и светски првенства со репрезентацијата на Шпанија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама