Connect with us

Фудбал

Легендарниот Пирло наскоро ќе седне на клупата на Салернитана?

Раководството на овој клуб донесе одлука да ја прекине соработката со Стефан Колантуон.

Клубот го потврди тоа, а овој стручњак го презеде Салернитана во средината на октомври минатата година.

Тој не се прослави со оглед на тоа што овој клуб е на последното место во Серија А со само 13 освоени бода.

Како можен наследник на Колантуон се споменува легендарниот Андреа Пирло.

Последниот ангажман на Пирло беше во Јувентус, а оттогаш се поврзува со голем број клубови.