Connect with us

Фудбал

Легендата на Интер за можното враќање на Икарди

Мауро Икарди наводно на челните луѓе на ПСЖ им соопштил дека сака да се врати во Италија по завршувањето на сезоната. Тој во моментов игра како позајмен од Интер, но се чини дека животот во Италија му недостига.

Медиумите велат дека со ова тој сака да издејствува трансфер во Јувентус, опција која се спомнуваше и во зимскиот преоден рок, но Интер не сакаше да го засили најголемиот ривал.

Сега има исти такви информации, но новинарите прашуваат дали е можно негово враќање во Интер. Одговор на ова прашање даде легендарниот Хавиер Занети, кој во моментов е дел од раководството на „Нероаѕрите“.

-Во моментов најважно е здравјето на фудбалерите и мислам дека не е време да зборуваме за трансфери. Дали Икари ќе се врати во Интер? Не знам, веројатно нема. Има време и ќе размислиме, вели Занети.