Connect with us

Фудбал

Легендата на Ливерпул излезе од болница, Далглиш ја доби првата битка со коронавирусот

Легендата на Ливерпул и Селтик, Кени Далглиш е отпуштен од болница откако му беше дијагностициран коронавирус. Тој ги пофали сите доктори и медицинскиот персонал кој се грижел за него.

Далглиш во средата беше хоспитализиран поради инфекција и проблемите со камен во бубрегот. Тогаш му е направен рутиснки тест за коронавирус, кој бил позитивен, иако немал никакви симптоми.

Во меѓувреме 69-годишниот Далглиш сега ќе  биде во самоизолација дома. Напишал колумна во која ги пофали сите лекари и медицински персонал.

Далглиш има 515 мечеви за Ливерпул и постигнал 172 голови, а потоа како тренер му донесе три шампионски титули. За Селтик одиграл 322 мечеви, има 100 настапи за шкотската репрезентација.