Connect with us

Фудбал

Легендата Панчев: Кој гледа ракомет во Европа, тоа е ако да споредиш професор во средно во Скопје со Ајнштајтн

Легендата на македонскиот, но и југословенскиот фудбал Дарко Панчев во општисно интервју за Би-Би-Си на српски јазик зборуваше за фудбалот во Југославија, за Црвена Звезда, за актуелниот квалитет на фудбалот во Македонија, но и за споредбата на титулите на РК Вардар во ракометот со титулите и успехот во фудбалот.

-Да се спореди ракометот со фудбалот е како да споредите професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа, вели Панчев, кој сепак додава:

-Нашите луѓе се желни за успех, да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, ќе ја наполниме. Но, кој досега видел да се соберат 10 деца во школски двор и да играат ракомет. Денеска, дури ништо не се игра, можеби малку фудбал и кошарка, вели Панчев.