Connect with us

Фудбал

Легендата Тоти станува менаџер, ќе ја застапува италијанската ѕвезда

Легендарниот Франческо Тоти кусо време беше директор на Рома, но одлучи да најде друга работа по завршетокот на кариерата. Тоти во италијанските медиуми се почесто и погласно се спомнува како нов менаџер на Лоренцо Инсиње.

Инсиње во моментов е една од најголемите ѕвезди на Италија, кој ја прекина соработката со Мино Рајола.

„Кориере дело Спорт“ јавува дека наводно Тоти отворил менаџерска агенција и дека е најзериозен кандидат за нов менаџер на Инсиње.